Достапни линкови

Дескоска - Ќе се почитуваат препораките од Венецијанската комисија


Министерката за правда Рената Дескоска

Министерката за правда Рената Дескоска рече дека се бараат начини како да се спроведат препораките од Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците, во делот на судските постапки. Таа вели дека препораките се однесуваат на употребата на законот од страна на носителите на јавни функции, а не на граѓаните кои имаат право да го употребуваат албанскиот јазик.

Дескоска верува дека ќе се почитуваат препораките на Комисија за Законот за јазиците и како што вели, верува дека сите ќе бидат свесни за потребата од ефикасна правда во државата.

„Сметам дека нема да се инсистира на одредени решенија со цел да се ослободат одредени обвинети за кои се водат постапки од СЈО. Се надевам дека тоа не е задната намера на одредени искажувања што ги слушам“, рече Дескоска.

XS
SM
MD
LG