Достапни линкови

Во Кина најмногу новинари зад решетки годинава


Кинеската влада затвори најмалку 48 новинари во 2019 година, повеќе од која било друга земја, соопшти денеска Комитетот за заштита на новинарите. Во годишниот извештај на Комитетот се наведува дека оваа година во светот биле затворени 250 новинари, додека лани биле затворени 255.

Турција е на второ место со 47 затворени новинари, што е намалување од минатата година кога имало 68, а во Саудиска Арабија и во Египет биле затворени по 26 новинари. Иран, каде што имаше големи протести, годинава ставил во затвор 11 новинари. Во Русија седум новинари се во притвор, четворица од нив поради нивната работа во окупираниот Крим.

Околу 8 проценти од новинарите во затвор се жени, што е помалку од минатата година кога имало 13 проценти. Известувањето на политика, човекови права и корупција се темите кои најчесто довеле до затворање на новинарите, се наведува во извештајот. Во извештајот не се вклучени оние што биле порано ослободени или новинарите заробени од недржавни субјекти како што се милитантни групи.

XS
SM
MD
LG