Достапни линкови

Димитров - Тешко да зборуваме за надеж за ЕУ откако трипати удривме во ѕид


Министерот Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека EУ наскоро мора да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство на Северна Македонија. Тој вели дека не се доволни само пораките на охрабрување.

„Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид – во јуни 2018, јуни 2019 и во октомври годинава“, изјави Димитров за АФП.

Според него неопходно е да се донесе одлука што ќе им даде вистинска надеж на луѓето дека Европа е сериозна во однос на македонската европска перспектива.

XS
SM
MD
LG