Достапни линкови

Ердоган им се восхитува на Трамп и Путин


Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги посочи претседателите на САД и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин меѓу светските лидери на кои најмногу им се восхитува. Според него, на Европа и недостига инспиративен лидер. Говорејќи на Универзитетот во Анкара Ердоган прецизира дека Европа „има сериозна лидерска криза, односно лидерски вакуум“. Во врска со Трамп, Ердоган рече: Без разлика дали ви се допаѓа или не, Трамп е значајно име. Нема скриена агенда“. Со истите зборови тој се изјасни и за Путин.

XS
SM
MD
LG