Достапни линкови

Србија отвори ново поглавје во пристапните преговори со ЕУ


На меѓувладина конференција во Брисел, Србија во пристапните преговори со Европската Унија синоќа го отвори поглавјето 4, што се однесува на слободата на движење на капиталот. Ова е второ поглавје што Србија го отвора годинава, по поглавјето девет за финансиски услуги отворено во јуни. Во техничка смисла, Србија имаше подготвено уште три поглавја за отворање – поглавјето 2 за слободно движење на работниците, поглавјето 21 за трансевропски мрежи и 14 за транспортна политика, но политички договор меѓу земјите-членки беше постигнат само за поглавјето 4. Со тоа Србија досега има отворено 18 од 35. поглавја, од кои две се затворени.

XS
SM
MD
LG