Достапни линкови

Ирански адвокати бараат истрага за насилството на протестите


Архива - Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Вкупно 160 ирански адвокати побараа истрага за смртоносната акција против учесници во протестите, од кои минатиот месец беа погодени околу 100 градови во земјата.

Адвокатите ја изнесоа молбата во отворено писмо до претседателот Хасан Рохани, кое беше објавено на 9 декември во опозициската интернет страница за вести „Каламех.“

Повикувајќи се на одговорност и транспарентност на државата, во писмото се вели дека сторителите на нападот треба да бидат разрешени од нивните позиции и да бидат казнети.

Иранските власти допрва треба да објават официјален број на жртвите во неколкудневните немири предизвикани од наглото зголемување на цената на нафтата.

Но, „Амнести Интернешнал“ со седиште во Лондон наведува дека најмалку 208 луѓе загинале како резултат на како што е наведено „срамно непочитување на човечкиот живот.“

Шефот на ОН за човекови права го обвини иранските безбедносни сили за употреба на „тешко насилство“ врз демонстрантите.

За неколку илјади луѓе се вели дека се приведени.

Во нивното писмо, адвокатите го обвинија Рохани за „истурање сол врз раните“ наместо да даде утеха за Иранците по насилните инциденти.

XS
SM
MD
LG