Достапни линкови

Осудени 11 лица за нападот во метрото во Санкт Петербург


Архивска фотографија - Аброр Азимов во на сослушување во судот во Русија.

Воениот суд во Санкт Петербург осуди маж на доживотен затвор за финансирање на смртоносната експлозија во метрото во 2017 година, додека 10 други обвинети во случајот добија затворски казни од 19 до 28 години, јавува новинската агенција ТАСС.

Судот во вториот по големина град во Русија, денеска го осуди Аброр Азимов на доживотен затвор, откако го прогласи за виновен поради финансирање на нападот во кој загинаа 15 луѓе и 67 други беа повредени.

Единствената жена меѓу обвинетите, Шокиста Каримова, која беше осудена на 20 години казна затвор, колабираше откако судијата Андреј Морозов ја објави нејзината казна.

Адвокатите на обвинетите изјавија дека ќе ги обжалат пресудите.

Истражителите рекоа дека на 3 април 2017 година, 22-годишниот бомбаш самоубиец Акбарјон Јалилов – етнички Узбекистанец со руско државјанство, роден во Киргистан, активирал бомба во вагон во метрото, додека се наожал меѓу две станици.

Втор експлозив беше поставен на платформата на станицата, но беше пронајден и успешно деактивиран.

XS
SM
MD
LG