Достапни линкови

Средба Павлопулос - Вучиќ: Поддршка од Грција за европската перспектива на регионот


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и неговиот српски колега Александар Вучиќ.

Грција е подготвена да ги поддржи државите од регионот што се уште не се членки на Европската унија, со цел да се забрза нивната европска перспектива, рече грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на почетокот на средбата со неговиот српски колега Александар Вучиќ. Павлопулос вели дека за оваа поддршка земјите кандидати потребно е да ги исполнат и очигледните предуслови, односно целосно усогласување со европското законодавство и решавање на билатералните прашања.

Во однос на грчко – српските односи, изрази целосна поддршка за ЕУ перспективата на Белград. Говорејќи за односите со Грција, Вучиќ рече дека Грците и Србите традиционално се сакаат меѓусебно, но сега треба да се стори повеќе за да се подобри соработката, како и дека Белград ќе ја има грчката поддршка на патот на евроинтеграциите.

XS
SM
MD
LG