Достапни линкови

Почна преместувањето на мигрантите од кампот Вучјак во БиХ


Преместување на мигрантите и бегалците од прифатниот центар Вучјак во БиХ.

Почна преместувањето на мигрантите и бегалците од прифатниот центар Вучјак кај Бихаќ во Босна и Херцеговина, по што кампот би требало во целост да биде затворен.

Мигрантите и бегалците кои престојуваат во кампот Вучјак привремено ќе бидат преместени во центарот Ушивак додека не се адаптира касарната Блажуј кај Сараево, каде би требало сите да бидат преместени.

Според податоци на Црвениот Крст во Бихаќ, повеќе од 600 лица се сместени во кампот.

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ претходно ги повика властите на Босна и Херцеговина под итно да ги преместат мигрантите од кампот за да се избегне хуманитарна криза, а сличен апел претходно упатија и од Делегацијата на Европската унија во БиХ и Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во БиХ.

Мигрантите и бегалците во Вучјак престојуваа под најлонски шатори, без вода за пиење и струја, и им се закануваше опасност од зараза и смрзнување.

XS
SM
MD
LG