Достапни линкови

Талески кандидат за амбасадор во НАТО


Дане Талески

Советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески е кандидат за амбасадор во НАТО, потврдуваат владини извори за МИА.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кандидатурата на Талески, ќе ја достави на владина седница в четврток.

Амбасадорското место во НАТО досега не беше пополнето, а Заев и Димитров изминатиот период говореа дека во моментов кога земјата е пред прагот на полноправно членство во Алијансата, пополнувањето на ова место е клучно.

Се очекува Македонија наскоро да стане и официјална членка на НАТО, се чека уште шпанскиот Парламент да го ратификува Протоколот.

XS
SM
MD
LG