Достапни линкови

Се самоубил напаѓачот кој уби шест луѓе во Чешка


Полиција во близина на болницата во Острава.

Се самоубил напаѓачот кој уби шест луѓе во болница во чешкиот град Острава. Полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил во својот автомобил, кога полицајците му се доближиле.

Нападот се случил рано утрово во Универзитетската болница во Острава. Чешкиот премиер Андреј Бабиш за националната телевизија рече дека пукањето се случило во 7 часот, во чекална во болницата. Напаѓачот почнал да пука и од непосредна близина ги убил луѓето, а потоа побегнал.

Полицијата соопшти дека го пронашла автомобилот на осомничениот. Тој се застрелал во главата додека полицајците му се приближувале. Полицијата го идентификуваше како 42-годишен маж.

XS
SM
MD
LG