Достапни линкови

Почина поранешниот градоначалник на Москва Јуриј Лужков


Поранешниот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков.

Почина поранешниот градоначалник на Москва, Јуриј Лужков, кој беше на чело на градот речиси две децении. Тој почина на 83-годишна возраст.

Руските медиуми јавија дека Лужков починал во болница во Минхен.

Тој стана градоначалник на рускиот главен град во 1992 и на таа функција беше до 2010, кога беше разрешен од страна на Кремљ, оти ја изгубиле довербата во него. И покрај постојаните обвинувања за назадување и корупција, тој беше многу популарен меѓу граѓаните на Москва.

По разрешувањето од функцијата тој се повлече од јавниот живот, сè до 2016 кога рускиот претседател Владимир Путин го одликуваше со медал за служба на татковината.

XS
SM
MD
LG