Достапни линкови

Во Вашингтон средба Помпео, Лавров


Американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Вашингтон ќе разговараат, за како што соопшти Стејт департментот, „широк спектар на регионални и билатерални прашања“. Лавров во Белата куќа ќе биде примен и од американскиот претседател Доналд Трамп. До ова доаѓа во момент кога Трамп се соочува со истрага за импичмент и покрај напорите на американскиот претседател за подобрување на односите со Москва кога се соочува со притисок од конгресмените да заземе поцврст став во врска со Кремљ.

XS
SM
MD
LG