Достапни линкови

Ново рочиште за „Рекет“, ќе сведочи Ана Камчева


Орце Камчев во судница како сведок во случајот „Рекет“ (12 декември 2019 година)

Со сведочење на Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13. На последното рочиште, што се одржа на 6-ти декември, сведочеше Јордан Камчев, кој рече дека во повеќе наврати обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство, кој имал цел на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари. Од Јовановски, сведокот добил понуда за пи-ар реклама, Камчев му понудил 50.000 евра на што Боки 13 се навредил за висината на сумата. Во својот исказ Камчев рече дека потоа Боки 13, заедно со третообвинетиот во „Рекет“, Зоран Милевски-Кичеец, кој ја призна вината и беше осуден на три години затвор, му понудил бизнис за отворање фешн молови, а по одбивањето на тој проект, добил друга понуда за изградба на старечки домови за што првообвинетиот му побарал четири милиони евра.

XS
SM
MD
LG