Достапни линкови

Претседателот на Србија во официјална посета на Грција


Претседателот на Србија Александар Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ од денеска е во дводневна официјална посета на Грција, каде што ќе оствари средби со грчкиот државен врв. Официјалната посета започнува со положување цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак пред грчкиот Парламент, по што ќе следи средба со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос. ПотоаВучиќ ќе биде примен од градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, а во вечерните часови, српскиот претседател ќе присуствува на официјална вечера што во негова чест ја организира Павлопулос. Утре Вучиќ ќе има средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по што ќе следи и средба на двете делегации во рамките на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Србија.

XS
SM
MD
LG