Достапни линкови

Украина и Русија се договорија на целосен прекин на огнот


Претседателите на Русија и на Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел

Претседателите на Русија и на Украина Владимир Путин и Володимир Зеленски се договорија на „целосна и сеопфатна имплементација“ на прекинот на огнот во источна Украина до крајот на оваа година. По над осумчасовните разговори во Париз меѓу двајцата лидери со посредство на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел исто така е договорена и целосна размена на затвореници која треба да се случи на 24 декември. Во веќе шестодишниот конфлкт загинаа над 13.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG