Достапни линкови

Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони „Хари С. Труман“


носачот на авиони „Хари С. Труман“

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Тала Џафери се сретнаа денеска со адмиралот Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол. За средбата на својот фејсбук профил информираше премиерот Заев, посочувајќи дека таа се одржала на носачот на авиони „Хари С. Труман“. „Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите членки на НАТО Алијансата. Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација“, се вели во статусот на премиерот.

XS
SM
MD
LG