Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно со врнежи од дожд


Ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег особено попладне. Во текот на ноќта кон среда врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од нула до шест, а дневната од три до 12 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу четири, а дневната ќе достигне до 8 степени.

XS
SM
MD
LG