Достапни линкови

Турција, Албанија и Косово ќе ја бојкотираат Нобеловата церемонија


Петер Хендке во Стокхолм кој беше критикуван за поддршката на починатиот српски претседател

Турција соопшти дека ќе им се придружи на Албанија и на Косово во бојкотирање на церемонијата за доделување на Нобеловата награда за литература на Петер Хендке во Стокхолм кој беше критикуван за поддршката на починатиот српски претседател Слободан Милошевиќ.

До ова доаѓа откако официјален претставник на турската влада овој викенд ја повика Шведската академија да ја промени одлуката за доделување на наградата на Хандке. Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, објави дека му наложил на амбасадорот во Шведска да ја „бојкотираат“ церемонијата, велејќи дека „писател кој го поддржуваше Милошевиќ и неговиот геноцид во Босна и во Косово, не ја заслужува Нобеловата награда“

Албанија нема да учествува на доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хендке во Стокхолм.

Веста на социјалните мрежи ја објави овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој, меѓу другото, напиша дека „оправдувањето за суровоста во војната за време на распадот на Југославија не треба да се наградува“.

XS
SM
MD
LG