Достапни линкови

Хјуман рајтс воч - Русија да ги заштити жртвите на семејно насилство


Меѓународната организација Хјуман рајтс воч ги повикува руските пратеници да гоизменат нацрт законот за решавање на семејно насилство, да го усогласат со меѓународните стандарди и да вклучат заштита за жртвите.

Јулија Горбунова, виш истражувач за Европа и Централна Азија во Хјуман рајтс воч денеска изјави дека ако во законот не се вклучи заштитата на жртвите, тогаш тој ризикува да биде празна обвивка.

Организацијата предлага законот да опфаќа целосна дефиниција на семејно насилство, што може да вклучува физичко, сексуално, економско и емоционално злоставување.

Доколку биде усвоен, тоа ќе биде прва легислатива во Русија за решавање на семејно насилство.

Во сегашното законодавство, не се признава семејното насилство како самостоен прекршок.

Руски невладини организации, активисти за човековите права и дел од политичари повеќе од 20 години вршат притисок да се донесе закон за семејно насилство.

XS
SM
MD
LG