Достапни линкови

Турција депортираше 11 француски државјани членови на ИД


Вооружен турски полицаец.

Турција депортираше 11 француски државјани за кои постои сомневање дека се членови на организацијата Исламска држава, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека „странските терористички борци“ се вратени во својата земја, без да се наведува нивниот идентитет и други детали.

Минатиот месец Анкара го засили процесот на враќање на лицата за кои постои сомневање дека се странски припадници на ИД од турските затвори или од Сирија, со изговор дека Турција „не е хотел“ за странски борци.

Депортирани се повеќе од 60 такви странци, вклучително и осомничени припадници на ИД од САД, Данска, Германија, Ирска и Холандија.

XS
SM
MD
LG