Достапни линкови

Бројот на загинати во пожарот во колеџ во Одеса се искачи на 12


Одеса, 4 декември.

Бројот на загинати во пожарот во техничкиот колеџ во украинскиот град Одеса се искачи на 12, откако спасувачите пронајдоа уште две тела.

Полицијата во Одеса соопшти дека спасувачите пронашле уште две тела под урнатините на зградата.

Досега идентификувани се четворица студенти кои загинале во пожарот, а починал и спасувач кој се здобил со повреди за време на гасењето на огнот.

Полицијата соопшти дека четири лица се водат како исчезнати.

Пожарот избувнал рано на 4 декември зафаќајќи го третиот кат од шесткатниот колеџ во Одеса. Во пожарот повредени се 30 луѓе.

При посетата на Одеса на 8 декември, премиерот Олексиј Хончарук рече дека неколкумина функционери во регионот добиле отказ заради трагедијата, за која полицијата смета дека е предизвикана од подметнат пожар или преоптоварени далноводи.

XS
SM
MD
LG