Достапни линкови

Вучиќ од утре во официјална посета на Грција


Српскиот претседател, Александар Вучиќ.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, од утре ќе биде во дводневна официјална посета на Грција. Предвидено е Вучиќ да се сретне со грчкиот државен врв, а ќе се одржи и Советот за соработка на високо ниво меѓу двете земји.

На првиот ден од посетата, Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а потоа и со градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис. На вториот ден од посетата Вучиќ ќе има средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, по што ќе следи и средба на двете делегации во рамките на Советот за соработка на високо ниво меѓу Грција и Србија.

XS
SM
MD
LG