Достапни линкови

Заев - Само со транспарентни институции против корупцијата


Случаите на корупција се најподмолните закани за општеството, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил на Меѓународен ден за борба против корупцијата. Тој пишува дека постои сериозна политичката волја и подготвеност за справување со корупцијата.

„Бескомпромисна борба против корупцијата ќе постигнеме само со транспарентни и отчетни институции“, наведува премиерот.

Доколку пак нема волја или пак антикорупциските механизми се попречени на кој било начин, корупцијата ќе биде закана за развојот на земјата, додава Заев. Премиерот вели дека затоа е важно да започне постапката на проверка на имотот на судиите и обвинителите, колку што може поскоро. Важно е да се утврдат конфликтите на интереси и во правосудството, вели тој.

Од Хелсиншкиот комитет на Меѓународниот ден на борбата против корупција, констатираат дека корупцијата и одлучувањето при постоењето на судир на интереси претставуваат феномени кои во значителна мера остануваат неказнети, а перцепцијата на граѓаните е дека борбата против корупцијата не дава задоволителни резултати.
Корупцијата е распространета во многу области и останува еден од најсериозните проблеми во државата, велат од Хелсиншки.

XS
SM
MD
LG