Достапни линкови

Шефовите на дипломатите на ЕУ и на С. Македонија и Албанија се среќаваат во Брисел


Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров.

Денеска во Брисел се одржува неформален работен појадок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на кој се поканети и министрите на Северна Македонија и на Албанија. Состанокот е во организација на Грција. Според грчкото МНР, средбата е корисна можност за плоден дијалог и зајакнување на европската перспектива на двете земји.

Од македонското МНР соопштија дека работниот појадок е можност министерот Никола Димитров да ги запознае колегите министри со последните политички случувања во земјата, со фокус на клучните приоритети поврзани со владеењето на правото, како и имплементацијата на договорите со Грција и Бугарија. Од МНР велат дека тој ќе го повтори барањето, Советот што е можно поскоро да постигне согласност за новата преговарачка методологија и да донесе одлуката за почеток на пристапните преговори.

XS
SM
MD
LG