Достапни линкови

Саудиска Арабија ја укина родовата сегрегација во рестораните


илустрација

Жените во Саудиска Арабија веќе не ќе мораат да користат посебни влезови ниту да седат зад прегради во рестораните по најновата мерка на владата за ублажување на конзервативните ограничувања во таа земја. Иако некои ресторани во Џеда и луксузни хотели во Ријад им дозволуваа на мажите и на жените кои не се во сродство да седат слободно, со ова мерка се регулира чувствително прашање, бидејќи традиционалните Саудијци родната сегрегација ја сметаат за верска обврска.

XS
SM
MD
LG