Достапни линкови

Путин и Зеленски на мировни разговори за источна Украина


Владимир Путин и Володимир Зеленски

Претседателите на Русија и на Украина денеска во Париз ќе се сретнат во долгоочекуваните разговори за решавање на воениот конфликт во источна Украина во кој загинаа повеќе од 13.000 луѓе од 2014 година. Владимир Путин и Володимир Зеленски ќе разговараат со посредство на францускиот претседател Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел во таканаречниот Нормандиски формат. Тоа ќе биде за прв пат лидерите на Русија и на Украина да се сретнат директно од 2016 година. Москва отфрла директно инволвираност во конфликтот мешу сепаратистите и владините сили.

XS
SM
MD
LG