Достапни линкови

Времето денеска: сончево со локална облачност


Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините. Преку денот ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Преку ноќта од запад ќе се прошири облачност и ќе започне повремен дожд, на планините снег. Утринската температура ќе биде од еден до пет, а дневната од седум до 17 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.

XS
SM
MD
LG