Достапни линкови

Скулптури за зачувување урбани топоними во Скопје


Центарот за современи уметности Скопје и Општина Центар вчера ги поставија урбано скулптуралните инсталации насловени како Урбани Топоними, кои претставуваат акции наменети за зачувување на спомените на градот Скопје.

Урбан топоним: Корзо, автор на дело: Андреј Миневски (локација: влез во Парк на Франкофонијата)
Урбан топоним: Корзо, автор на дело: Андреј Миневски (локација: влез во Парк на Франкофонијата)

Идејата на овој проект е да ги означи значајните урбани топоними (микролокации) во општина Центар кои за помладите генерации скопјани, но и многуте граѓани од цела Македонија кои се доселени во Скопје претставуваат целосна непознаница, а за Скопје и одредени генерации скопјани претставуваат значајни места на кои се темели ориентацијата низ центарот на градот“, информираа од Центарот за современи уметности Скопје.

Урбан топоним: Гулаби, автор на дело: Александар Наумовски просторот во Маџир Маало
Урбан топоним: Гулаби, автор на дело: Александар Наумовски просторот во Маџир Маало

Во рамките на оваа акција изработени се 4 скулптурални инсталации на специфични локации како што се Рекорд, Стар ловец, Маџир Маало и Скопското корзо.

Урбан топоним: Ловец, автор на дело: Љубиша Камењаров
Урбан топоним: Ловец, автор на дело: Љубиша Камењаров

„На секоја од овие локации е поставена по една урбана инсталација која го збогатува и го објаснува локалниот контекст низ визуелниот приказ на уметноста, воедно давајќи му на реципиентот/гледачот директни информации за локацијата. Едновремено покрај секоја инсталација се поставени и табли со текст кој низ урбани наративи ја објаснуваат акцијата и локацијата и нејзиното значење за градот“, велат од Центарот.

Урбан топним: Срце, автор на дело: Андреј Митевски „Дојдов во 7, те чекав до 8, ако не дојдеш до 9, си одам во 10“ просторот на локација: Рекорд
Урбан топним: Срце, автор на дело: Андреј Митевски „Дојдов во 7, те чекав до 8, ако не дојдеш до 9, си одам во 10“ просторот на локација: Рекорд

XS
SM
MD
LG