Достапни линкови

Заев три пати разменил мислења со Макрон


Архивска фотографија- премиерот Зоран Заев на самитот на НАТО во Лондон

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања по самитот на НАТО во Лондон рече дека од оптимист станал „реален оптимист“ во однос на започнувањето преговори со Европската Унија.

Прашан дали имал можност да разговара со претседателот на Франција Емануел Макрон на денешниот лидерски состанок на НАТО во Лондон, Заев рече дека три пати имал размена со францускиот претседател вчера и денеска.

„Јас сум уверен дека следува убава одлука, убаво време за нас, не можам да споделам ништо затоа што како најголем оптимист, сега сум реалистичен оптимист. Работите се движат во позитивна насока, наше е да продолжиме да работиме, да продолжиме со реформи и се надевам дека вистинската одлука ќе биде донесена, односно историската грешка што ја направија ќе биде исправена, не сакам со тоа да делам оптимизам никако, треба да бидеме посветени да ја европеизираме Македонија со повеќе вредности и реформи а штом ќе одлучат да ни соопштат“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG