Достапни линкови

Боки 13 останува во притвор, одлучи Апелација


Бојан Јовановски - Боки 13 на судење за случајот Рекет

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли како недозволена жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Апелациониот суд денеска постапувал по жалбата на Јовановски против решението на првостепениот суд од 20.11.2019 година, со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и замена на истата со други поблаги мерки за обезбедување присуство на обвинетиот. Судот по разгледување на случајот одлучи жалбата да ја отфрли како недозволена. Против решението на Советот со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот не е дозволена посебна жалба, се вели во соопштението од Апелациониот суд.

Од Апелациониот суд информираат дека образложението на причините за ваквата одлука дополнително ќе бидат објавени.

XS
SM
MD
LG