Достапни линкови

Фон дер Лајен - Да покажеме дека го сакаме Западен Балкан на наша страна


Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон ден Лајен

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон ден Лајен изјави дека процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ треба да се одвива паралелно со процесот на внатрешни реформи на европските институции.

Таа вели дека на земјите кандидатки треба да им се даде прилика да почнат преговори. Таа денеска имаше прво обраќање пред новинарите откако ја презеде функцијата шефица на ЕК на 1 декември.

„Стратешки е важно да им покажаме на земјите од Западен Балкан дека ги сакаме на наша страна и дека имаме голем интерес во нивното приближување кон ЕУ“, рече фон дер Лајен.

Таа денеска го одржа првиот редовен состанок на новиот кабинет на Комисијата. Новата шефица на ЕК рече дека неодамнешната одлука да не им се даде старт на преговори на Скопје и Тирана е стратешка грешка на ЕУ.

XS
SM
MD
LG