Достапни линкови

Инспекторат за животна средина контра Град Скопје за случајот со солната киселина


Во кругот на МЗТ пред два дена немало истекување на солна киселина, туку капење на хлороводородна киселина со концентрација од 30-32 проценти која била складирана во метален резервоар со капацитет од 50 тони, соопшти денеска Државниот инспекторат за животна средина. Инспекторатот направил вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект „Макохемија“ АД Скопје по добиени информации од социјалните мрежи за ширење на неподнослива миризба.

Од Инспекторатот за животна средина ги демантираат наводите на Инспекторатот на Град Скопје дека во наведената локација имало истекување. Исто така, ДИЖС ја демантира информацијата што е пласирана до медиумите дека „Макохемија“ АД-Скопје не поседува елаборат за заштита на животната средина. Фирмата имала елаборат од 2004 година, согласно тогашните законски прописи.

ДИЖС, стои во соопштението, изнесените лаги и клевети на градските власти дека другите институции не постапуваат ги смета како недолично однесување на институцијата и истите ги отфрла во целост.

Вчера градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов рече дека Градот ќе поднесе кривична пријава против фирмата на која и истекло солна киселина. Шилегов наведе дека фирмата работела без дозвола, а Инспекторот на Град Скопје констатирал дека правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина.

XS
SM
MD
LG