Достапни линкови

Земјотресот во Албанија урнал 1.183 објекти


Последните податоци од досега завршената проценка за штетата од земјотресот во Албанија, говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти, главно индивидуални куќи, повеќе станбени згради и хотели, додека 558 станбени згради се со големи оштетувања.

Што се однесува до погодените области, освен Драч, Тирана и Лежа, се и Пешкопеја, Кукс, Фиер, Елбасан и Берат, што значи осум од вкупно 12 окрузи.

Заменик министерката за внатрешни работи Ровена Вода, рече дека најголем дел од луѓето кои останале без своите домови се сместени во хотели, има и во шатори, во социјални центри и во семејства.

Таа рече дека локални и меѓународни тимови прават инспекцијата на сите штети на објектите во погодените области.

XS
SM
MD
LG