Достапни линкови

Седум загинати и десетици повредени во пожар во фабрика во Судан


Судан

Седум луѓе загинаа, а десетици се повредени во пожар предизвикан од експлозија во фабрика во главниот град на Судан, Картум, информираат лекарите и сведоците.

Густи облаци од црн чад се издигнаа над фабриката за плочки во индустриската зона на северот на Картум, а полицијата ја затвори областа околу фабриката, јавува дописникот на Франс прес.

Лекарската комисија поврзана со протестното движење во земјата соопшти дека загинале седум луѓе, а повеќе од 90 се повредени. Тие се однесени во различни болници во градот, а на работа биле повикани и докторите што не се на смена. Државната телевизија објави дека има „големи загуби на животи и имот“. Сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата.

XS
SM
MD
LG