Достапни линкови

Влада - Иванов немал право да помилува


Владата го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување

Иницијативата за автентично толкување ја поднесоа пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на државата немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 се незаконски и како такви ништовни, стои во соопштението од Владата.

Иницијативата за автентичното толкување уследи по одлуката на Уставниот суд да ја стави на дневен ред иницијативата за оценувањето на одлуката на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата.

Сега Владата треба да го информира Собранието за својата одлука за автентичното толкување на членот од законот, по што Законодавно-правната комисија (ЗКП) ќе расправа на таа тема.

XS
SM
MD
LG