Достапни линкови

Чешкиот премиер Бабиш против Европската комисија


Чешкиот премиер Андреј Бабиш

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека Европската комисија нема авторитет да одлучува дали тој е во судир на интереси или не како премиер кој има влијание врз поделбата на евроспките дотации. Тоа, според неофицијалните информации, го покажува завршниот извештај од страна на Комисијата. Во извештајот се додава дека Бабиш се уште може да влијае врз своето деловно царство иако го пренесол врз доверенички борд. „Европската комисија не е доволен авторитет. Зошто мислите дека ЕК има патент на разум? Нема. ЕК не треба да ги толкува законите и специјалниот закон против Бабиш“, изјави тој наведувајќи дека Комисијата донесла таква одлука бидејќи се изјаснувала само во врска со тој закон.

XS
SM
MD
LG