Достапни линкови

Путин го потпиша законот за странски агенти


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша контроверзниот закон со кој се овозможува прогласување новинари и корисници на интернет за „странски агенти“. Овој закон го осудија невладините организации за заштита на човековите права, оценувајќи дека претставува дополнителна опсаност од цензура. Законот кон крајот на ноември беше усвоен од парламентот и стапува во сила веднаш. Министерството за правда од сега ќе може да означи како „странски агенти“ и поединци кои работат за медиуми класифицирани како „странски агенти“.

XS
SM
MD
LG