Достапни линкови

Шест луѓе обвиненети за убиството на Оливер Ивановиќ


Политичарот Оливер Ивановиќ, кој беше убиен во 2018.

Специјалното обвинителство на Косово денеска подигна обвинение против шест луѓе осомничени за убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, што се случи пред речиси две години во Северна Митровица.

Обвинителството соопшти дека обвинетите се товарат за кривичните дела „Учество или организирање на организирана криминална група“, „Злоупотреба на службената должност и овластување“, „Помош во извршувањето на кривичното дело Тешко убиство“, Неовластено поседување оружје“, „Откривање службена тајна“, „Злоупотреба на службената должност во соизвршување“ и „Манипулирање со докази во соизвршување“.

Специјалното обвинителство информираше дека тројца од нив се наоѓаат во притвор, а тројца се во бегство. За тие што се во бегство се распишува меѓународна потерница.

Приштинските медиуми објавија дека сите шест обвинети се припадници на српската етничка заедница во Косово.

Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, беше убиен на 16 јануари 2018 година во северна Митровица.

XS
SM
MD
LG