Достапни линкови

Солна киселина во околината на фабриката МЗТ во Гази Баба


илустрација

Солна киселина истекла синоќа од цистерна во околината на фабриката МЗТ во општина Гази Баба. Инспекторите од Град Скопје веднаш реагирале и го пронашле сторителот. За инцидентот информираше Инспекторатот на Град Скопје, на својата Фејсбук страна. „Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување“, се нагласува во објавата. Инспекторатот на Град Скопје додава дека правниот објект не поседува елаборат за заштита на животната средина.

XS
SM
MD
LG