Достапни линкови

Предложен повисок праг за ДДВ обврзници


Владата усвои измени на Законот за ДДВ со кои предлага прагот за задолжителна регистрација на ДДВ обврзници да се зголеми од милион на два милиона денари. Со законот воедно се пропишува можност даночните обврзници кои се регистрирани за цели на ДДВ да имаат право на одбивка на претходен данок со поседување фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 денари издадена согласно со Закон за регистрирање
на готовински плаќања.

Истовремено, предложениот закон има цел да овозможи ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на добрата кои се увезуваат од страна на воените сили на други држави кои се членки на НАТО.

XS
SM
MD
LG