Достапни линкови

Си: насилството во Хонг Конг го загрозува системот


Хонг Конг, барикади

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека неодамнешните „незаконски и насилни“ активности во Хонг Конг „сериозно го загрозија општествениот поредок“, поткопувајќи го принципот „една земја два система“ во тој град. Продемократските демонстранти неколку дена го парализираат Хонг Конг со барикади и собири. Си рече дека е неопходно што поскоро да запре насилството и да се воведе ред и мир во градот. Протестите почнаа во јуни поради веќе суспендираниот предлог закон за екстрадиција кој предвидува израчување осомничени на Пекинг. Демонстрантите сега бараат оставка на шефицата на владата на Хонг Конг Кери Лам затоа што дозволила прекумерна употреба на сила.

XS
SM
MD
LG