Достапни линкови

„Systema“ на Никола Радуловиќ во Музејот на Современа Уметност

Интерактивната изложба „SYSTEMA“ се состои од научно-фантастичните книги „Book of Sclavin“ и „SYSTEMA - Book of Sclavin 2.0“, како и интерактивната игра „GENEZA“ на Никола Радуловиќ. Новината што трилогијата „Book of Sclavin“ ја носи е виртуелен визуелен свет, со кои оживуваат авторските илустрации во форма на гифови.
Изложбата „SYSTEMA“ е заокружување на веќе прикажаната книга „Book of Sclavin“, со кое уметникот Никола Радуловиќ освои награда како најдобар млад автор на XI Биенале на млади во МСУ-Скопје. Посетителите ќе имаат можност да ја видат до 08 декември.

Категории

XS
SM
MD
LG