Достапни линкови

Слаб одзив на изборите во Шпанија: Излезете од дома


Излезноста на денешните парламентарни избори во Шпанија, според досегашните податоци, е помала во споредба со претходно одржаните избори во април, пренесе Ројтерс. Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во 14 часот излезноста била 37,9 отсто, а на гласањето на 28 април во истото време изнесувала 41,5 отсто.

Лидерите на главните политички партии во земјата ги повикаа граѓаните да гласаат на парламентарните избори, стравувајќи дека излезноста ќе биде ниска.

„Никој да не останал дома“, им порача на гласачите Алберт Ривера од партијата на десниот центар „Граѓани“.

XS
SM
MD
LG