Достапни линкови

Моралес попушти, ќе има нови избори во Боливија


Боливискиот претседател Ево Моралес

Боливискиот претседател, Ево Моралес, објави дека ќе распише нови претседателски избори откако Организацијата на американски држави објави извештај во кој се вели дека резултатите од минатите избори, за кои тој беше избран за четврти мандат, треба да се поништат поради нерегуларности, објави АП.

Моралес попушти и пред притисокот од повеќенеделните протести во Боливија и најави и дека ќе ги замени членовите на изборниот одбор, кои беа критикувани по изборите на 20 октомври.

Моралес синоќа повика на итни разговори со опозицијата поради повеќенеделните немири што ја зафатија земјата, и побара и од папата да се вклучи во разговорите. Во немирите до сега загинаа три лица, а повеќе од 300 се повредени.

XS
SM
MD
LG