Достапни линкови

За еден месец во Ирак убиени над 260 демонстранти, тврди Амнести интернејшанал


Најмалку 264 демонстранти се убиени на национално ниво за нешто повеќе од еден месец. Ова се претвора во крвопролевање, изјави Хеба Морајеф, регионален директор на „Амнести интернејшанал“ за Блискиот исток и Северна Африка, соопшти Амнести интернејшанал, пренесе Ројтерс.

Граѓаните во Ирак повеќе од 30 дена протестираат против корупцијата, недостигот на работни места и слабиот пристап до електрична енергија и чиста вода. Тие побараа оставка од владата, распуштање на парламентот и промена на политичкиот систем во земјата по американската инвазија на Ирак во 2003 година.

Амнести Интернешнл ги повика ирачките власти да ги спречат безбедносните сили, додавајќи дека најмалку шест демонстранти беа убиени вчера во центарот на Багдад.

XS
SM
MD
LG