Достапни линкови

Вучиќ: Сега го правиме сами тоа што ни го бараше ЕУ


Средба на Зоран Заев, Еди Рама и Александар Вучиќ во Охрид

Претпладнево од Охрид, каде се одржува трилатералната средба Заев - Вучиќ - Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека досегашните разговори со македонскиот премиер Зоран Заев и со албанскиот премиер Еди Рама биле „многу добри“ и дека првиот видлив договор ќе биде полесен премин преку граничниот премин Прешево, а патувањето во Северна Македонија и Албанија само со лична карта може да се очекува до Нова година.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ за РТС изјави дека „ова се тектонски промени кои ќе влијаат на привлекувањето странски директни инвестиции затоа што инвеститорите сакаат стабилност и голем пазар.“

Како што истакна, Прешево е трет важен премин за Србија, по Батровци и Градина, а одлуката фитосанитарна инспекција да работи 24 часа дневно тројно ќе го забрза поминување на камиони со стоки од двете страни и ќе ги намали оперативните трошоци.

Тој најави дека со мали измени на законите, истата дозвола за работа може да важи за сите три земји и дека ќе се усогласи признавањето на квалификациите, што, додаде тој, „ќе ни користи бидејќи имаме проблеми со работната сила, а истовремено ќе создава добар инвестициски амбиент затоа што испраќаме порака за стабилност и слобода на движење на простор каде живеат 12 милиони луѓе“.

XS
SM
MD
LG