Достапни линкови

Штајнмаер го нападна Трамп: Сакаме партнер без национален егоизам


Штајнмаер на вчерашното одбележување на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ги повика САД да бидат „заемно почитуван партнер“ и да го отфрлат национализмот, напаѓајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, во своето обраќање по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, објави агенцијата АФП.

„Оваа Америка како заемно почитуван партнер, како партнер за демократија и слобода, против националниот егоизам - тоа е она за што се надевам и во иднина“, рече Штајнмаер.

Острите зборови на германскиот претседател, за време на отворањето на свеченоста во Берлин на местото на кое некогаш стоеше американскиот претседател Роналд Реган, потенцираше дека постојат зголемени тензии меѓу традиционалните сојузници.

XS
SM
MD
LG