Достапни линкови

Противниците на Моралес зазеле два државни медиума


Политичките противници на боливискиот претседател Ево Моралес и демонстрантите во главниот град на Боливија, синоќа ги зазедоа зградите на два државни медиуми, телевизијата Боливија и радиото „Патрија Нуева“, принудувајќи ги вработените да ги напуштат своите работни места, изјави официјален претставник, пренесе АП.

„Насобраните луѓе ни се закануваа и потоа бевме насилно избркани“, изјави директорот на „Патрија Нуева“, Иван Малдонадо.

Повеќе десетици вработени ја напуштиле зградата држејќи се за раце, а откако демонстрантите влегоа во зградата, двата медиума емитуваат само музика.

Ево Моралес со објава на Твитер го осуди преземањето на медиумите: „Тие велат дека ја бранат демократијата, но се однесуваат како диктатура“.

XS
SM
MD
LG