Достапни линкови

Трамп и Столтенберг ќе го „распределуваат товарот“ во НАТО


Столтенберг и Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, следната недела ќе имаат средба во Вашингтон, соопшти Белата куќа.

Како што се наведува во соопштението, Трамп на 14 ноември ќе разговара со Столтенберг за зголемувањето на трошоците за одбрана и за „поправедна распределба на товарот”.

Трамп на Столтенберг ќе му ја пренесе и важноста од зајакнување на одбранбените механизми на НАТО против разни закани, вклучително и тероризмот и сајбер нападите, соопшти Белата куќа.

XS
SM
MD
LG